БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Бабовски: Најскоро ќе бидат исплатени субвенциите за тутунот

Директорот на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабоски денеска истакна дека субвенциите за тутунот, по програмата за 2019 година ќе бидат исплатени во најскорен можен рок, веднаш штом за тоа се создадат услови.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Директорот на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабоски денеска истакна дека субвенциите за тутунот, по програмата за 2019 година ќе бидат исплатени во најскорен можен рок, веднаш штом за тоа се создадат услови.

Тој информира дека за 28.070 корисници на оваа финансиска поддрша веќе се изготвени решенијата и во многу брз период ќе бидат исплатени. Сите останати основни мерки предвидени по оваа програма, како што појасни Бабовски, веќе се исплатени.

– Агенцијата во изминатиов период максимално и професионално се трудеше сите основни мерки кои се предвидени по програмата за 2019 година, на секој што се стекнал со законско право и ја завршил процедурата пред Агенцијата, се исплатени. Од основните мерки останаа уште тутунопроизводителите, откако се внесени нивните податоци во системот и се направени контролите во откупните претпријатија веќе се завршени целосно сите потребни процедури во Агенцијата. Со ова сите основни мерки по програмата 2019 ги затвораме и одиме натаму во исплата на се она што е предвидено и по програмата за 2019 и 2020 година, рече Бабовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close