0_Спорт.ПорталФудбал

Бабел се врати во Ајакс

Амстердамскиот гигант го привлече 33-годишниот напаѓач од турскиот Галатасарај до крајот на сезоната.

Амстердам, 12 јануари 2020 (МИА) – Холандскиот репрезентативец Рајан Бабел се врати во Ајакс, каде ја започна кариерата.

Амстердамскиот гигант го привлече 33-годишниот напаѓач од турскиот Галатасарај до крајот на сезоната.

Бабел веќе еднаш се врати во Ајакс во 2012 година. До неговото привлекување дојде по „епидемијата“ од повреди во составот на тренерот Ерик Тен Хаг, кој не може да смета на Квинси Промес, Дејвид Нерез и Захари Лабиад.

Таг
Back to top button
Close
Close