Дописници МКДОпштински вести

Бајрами: Граѓаните се најзаслужни што немаме активен случај со коронавирус во Кичево

Во дванаесет градови низ земјава, во кои во изминатиот период имало заболени од коронавирусот, вчерашната статистика покажува дека таму веќе нема активни заразени. Меѓу нив е и градот Кичево кој нема активни случаи на заболени од коронавирусот. Директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами и директорот на Општата болница Станко Трпески велат дека за ваквата состојба во оваа општина се најзаслужни граѓаните, но и здравствените институции и преземените мерки.

Кичево, 15 април 2020 (МИА) – Во дванаесет градови низ земјава, во кои во изминатиот период имало заболени од коронавирусот, вчерашната статистика покажува дека таму веќе нема активни заразени. Меѓу нив е и градот Кичево кој нема активни случаи на заболени од коронавирусот. Директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами и директорот на Општата болница Станко Трпески велат дека за ваквата состојба во оваа општина се најзаслужни граѓаните, но и здравствените институции и преземените мерки.

-Факт е дека до овие моменти во Кичево немаме активен случај со заразен од коронавирусот и не сме имале дефакто, ако се исклучат оние два случаја кои беа од Кичево, но немаа контакт со резидентниот население, беа повратници од странство и сместени дирекно во карантин и за среќа и тие веќе се оздравени, истакна Бајтами.

Тој посочи дека за ваквата ситуација заслугата е на самите граѓани на општина Кичево, кои беа дициплинирани, се придржуваа до препораките од надлежните институции. Се разбира и ние како медицински институции заедно со директорот на Општата болница д-р Станко Трпески ги преземавме сите потребни мерки за колку што е можно подобро да се справиме со евентуално заболни во нашите институции. Една од мерките беше одредувањето на посебна просторија за земање брисеви на пациенти со симптоми, бидеќи не е сканирана целото население, но за среќа и тие со индикации не биле многу околу 40 пациенти, но и нивните резултати беа негативни, рече Бајрами.

Морам да упатам пофални зборови до директорот на Институтот за јавно здравје во Битола во рамки на што функционираме ние д-р Коњаноски, кој скоро секој ден патуваше кај нас за консултации бидејќи ние во Кичево немаме епидемиолог, додаде Бајрами.

Тој потенцира дека и Координативното тело на нашата општина на чие чело е градоначалникот Фатмир Дехари ги презеде сите неопходни мерки, како што беше дезинфекцијата на јавните установи, потоа два пати на ден миење и дезинфицирање на улиците во градот Кичево.рф/скс/

Back to top button
Close
Close