0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Српскиот кошаркарски стручњак Драган Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

Скопје, 19 април 2021 (МИА) – Српскиот кошаркарски стручњак Драган Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

Бајиќ доаѓа на местото на Александар Тодоров кој не доби понуда за продолжување на соработката со Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Македонските кошаркари предводени од Тодоров не успеаја да изборат пласман на европското првенство.

Четириесет и седумгодишниот Бајиќ кој е актуелен тренер на Игокеа, клуб со кого има одлични резултати во регионалната АБА лига, се заблагодари за укажаната доверба да ги предводи „црвено-жолтите“.

– Понудата е четири, а желба ми е да останам десет години на селекторското место. Сакам во репрезентацијата да изградиме единство и секој играч да го дава својот максимум. Само така ќе може да се надеваме на успех, изјави Бајиќ.

Новиот селектор најави вклучување на помлади кошаркари во националниот тим во следниот период.

Бајиќ првите официјални натпревари со македонската репрезентација ќе ги има во август за кога се закажани претквалификациите за Светското првенство 2023. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close