Дописници СветСветСвет.Портал

Бајден и Трамп на предизборни митинзи со взаемни критики 

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден синоќа се обрати до своите поддржувачи во Скрантон, Пенсилванија, и уште еднаш го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа како се справил со пандемијaта на коронавирус во САД.

Вашингтон 18 септември 2020 (МИА) Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден синоќа се обрати до своите поддржувачи во Скрантон, Пенсилванија, и уште еднаш го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа како се справил со пандемијaта на коронавирус во САД. 

Критики имаше и од спротивниот табор, од Трамп, кој вчера митингуваше во Висконсин, денес е во посета на воената база „Ендрјус“ во Мериленд, а утре е во Минесота. 

Актуелните предизборни митинзи и взаемно испратените критики меѓу двајцата противници се еден вид на загревање за првата претседателска дебата која се оддржува на 29 септември во Универзитетот Кливленд, со нетрпение очекувана од американската јавност. 

Демократскиот кандидат повика на итна оставка на Трамп заради „катастрофалните“ грешки и погрешни проценки во борбата против ширењето на вирусот во земјата.  

Бајден смета дека светските лидери имаат помала доверба во Трамп отколку во  претседателот на Кина Си Џингпинг, или рускиот претседател Владимир Путин. Тој упати закана до последниот, доколку овој се обиде повторно да се вмеша во изборите на САД. 

-Ќе плати висока цена. Путин ја знае причината зошто не ме сака како претседател. Тој ме знае, и знае дека го мислам тоа. Не мислам на војна. Но тие ќе платат цена… тоа ќе биде економска цена, рече Бајден. 

Во меѓувреме, Трамп синоќа на митингот во Висконсин оддржа еден од неговите најдолги говори – траеше еден час и 35 минути. Зборуваше за изгубените пријателства откако станал претседател, повторно го грмна стариот борбен крик „заклучете ја“, алудирајќи на неговата соперничка на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, и, според Вашингтон пост, искажа повеќе неточни податоци како за неговиот рејтинг или за тоа како се справил со коронавирусот. 

-Во својот говор Трамп го искритикува Бајден бидејќи користел телесуфлер, а истовремено самиот користи телесуфлер, шеговито наведува изданието.кб/ 

Back to top button
Close
Close