0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Бјоркгрен нов тренер на Индијана

НБА лигашот Индијана пејсерс го назначи Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот.

Индијанаполис, 21 октомври 2020 (МИА) – НБА лигашот Индијана пејсерс го назначи Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот.

Четириесет и петгодишниот кошаркарски стручњак претходно беше дел од стручниот штаб на Феникс санс и Торонто репторс, а во 2019 година стана шампион во НБА, заедно со канадскиот клуб како асистент на тренерот.

Поранешниот тренер на Индијана, Нејт Мекмилан доби отказ откако тимот поразен во првото коло од плејофот во НБА-лигата 2019/20 од Мајами (0:4 во серијата). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close