0_Македонија.ПорталОпштество

АЗНПМ бара директорот на Институтот за духовно наследство на Албанците јавно да му се извини на весникот „Коха“

Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ) изразува жалење што во последно време носители на функции на јавни установи се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа. Од Асоцијацијата посочуваат дека последниот таков пример е со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани, кој за напис во весникот „Коха“ за спомен плочата на Мајка Тереза, го обвини весникот за поттикнување на говор на омраза, односно антисемитизам. Од АЗНПМ сметаат дека ваквите обвинувања се неосновани и злонамерни и бараат директорот Асани јавно да му се извини на весникот „Коха“.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ) изразува жалење што во последно време носители на функции на јавни установи се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа.

Од Асоцијацијата посочуваат дека последниот таков пример е со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани, кој за напис во весникот „Коха“ за спомен плочата на Мајка Тереза, го обвини весникот за поттикнување на говор на омраза, односно антисемитизам.

Од АЗНПМ сметаат дека ваквите обвинувања се неосновани и злонамерни и бараат директорот Асани јавно да му се извини на весникот „Коха“.

– АЗНПМ смета дека овие обвинувања се крајно неосновани и злонамерни, преку кои директорот на ИДКНА сака да го дефокусира вниманието од неговата одговорност на темата за која пишуваше весникот КОХА, а тоа е начинот на кој е поставена спомен плочата на Мајка Тереза, со посебен осврт на името на донаторот, отстуство на верскиот симбол крст и изостанок на именувањето на Мајка Тереза како светица, бидејќи тоа е сторено во Ватикан пред неколку години, се наведува во денешното соопштение.

АЗНПМ потсетува дека улогата на медиумите и новинарите во демократско општество е да пишуваат слободно и без притисок за теми кои се предмет на јавниот интерес, а обврска на функционерите на јавни установи е да бидат транспарентни во нивната работа и да имаат отворена комуникација со медиумите.

– Доколку директорот Асани смета дека медиумот непрофесионално ја врши својата работа, тој имал право на приговор и до медиумските саморегулативни тела како и до нашата асоцијација или да го искористи своето законско право за барање на исправка или демант, но во никој случај тој нема право неосновано да клевети медиум, сметаат од АЗНПМ. бак/са/

 

Back to top button
Close
Close