Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Азилантите ја чинат Австрија над пет милиони евра годишно

Установите за сместување на барателите на азил минатата година ја чинеле австриската држава дури 5,3 милиони евра.

Виена, 21 февруари 2020 (МИА) – Установите за сместување на барателите на азил минатата година ја чинеле австриската држава дури 5,3 милиони евра.

Само четири од овие 18 објекти навистина се користеле за сместување бегалци, се дознава од одговорот на австриското Министерство за внатрешни работи на прашање на парламентот.

Сместувачките објекти што активно се користат се наоѓаат во Корушка, Штаерска, Салцбург и Долна Австрија, а десетина објекти, што државата ги изнајмила, се користат како превентивни капацитети, додека остантите четири служеле како магацини за материјали.

Најскапиот објект, што државата го изнајмила за сместување на бегалци, минатата година била една куќа во Семеринг, која не се користела, а чинела вкупно 510.000 евра.

Слободарската партија на Австрија (ФПО) укажува дека бројните сместувачки капацитети се изнајмени уште пред три години, дека договорите предвидуваат долги рокови за откажување, огромни кирии и предолгото траење. сд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close