0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар, од навивачите е прогласен за најдобар фудбалер во историјата на белгиската репрезентација, соопшти прес-службата на тамошната фудбалска асоцијација.

Брисел, 14 јануари 2021 (МИА) – Играчот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар, од навивачите е прогласен за најдобар фудбалер во историјата на белгиската репрезентација, соопшти прес-службата на тамошната фудбалска асоцијација.

Гласањето се одвиваше меѓу навивачите во период од 16 декември до 10 јануари.

Азар освои 10,6 проценти од гласовите.

Второто место го зазеде дефанзивецот Винсент Компани (9,4), додека трет беше играчот за врска Кевин де Брујн (9,1%).

Триесетгодишниот Азар досега има одиграно 106 натпревари за белгискиот националниот тим, на кои постигна 32 погодоци. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close