0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДХроникаХроника.Портал

Автомобил уништен при удар на воз, двајца полесно повредени

Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен“ удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.

Тетово,  14 август 2020 (МИА)Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен“ удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.

– Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во клиничката болница Тетово но по пружената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради сообраќајката од 1:.45 до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин, информираше Фатмир Реџепи, од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Вчера во текот на денот на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, повредени се уште уште четворица откако со возило излетале од патот.

-Патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово., соопшти СВР Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово. ас/бк/

Back to top button
Close
Close