Svet.SlajderСветСвет.Портал

Автобусите и траектите веќе не влегуваат во Вухан, соопшти кинеското Министерство за транспорт

Кинеското Министерство за транспорт денеска го откажа целиот автобуски и траектен сообраќај со градот Вухан, заради епидемијата на коронавирус, од кој досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени. 

Пекинг, 23 јануари 2020 (МИА) – Кинеското Министерство за транспорт денеска го откажа целиот автобуски и траектен сообраќај со градот Вухан, заради епидемијата на коронавирус, од кој досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени.

Министерството на автобусите и тракетите што веќе трганеле кон Вухан им наредило веднаш да се вратат на местото на тргнување.

Министерството со сооопштението ги повикува сите компании, чии автобуси минуваат низ Вухан, веднаш да ги прилагодат своите маршрути и да го заобиколат градот, истакнувајќи дека на патниците не треба да им се дозволи да влезат во тој град, пренесуваат британските медиуми. сд/

Back to top button
Close
Close