Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Автобус со кинески туристи пристигна од Вухан во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава порталот Индекс.хр.

Загреб, 26 јануари 2020 (МИА) – Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава порталот Индекс.хр.

Според порталот, туристите пристигнале со авион вчера во Милано, а оттаму со автобус за Хрватска. Тие минале здравствен преглед на аеродромот во Милано и никој немал симптоми на болеста.

Тие биле запрени на граничниот премин Брегана, каде им било укажано што треба да прават доколку забележат симптоми.

Според Индекс.хр, на возачот на автобусот му е даден бројот на епидемиолог на кој мора да се јави доколку забележи дека некој од патниците има симптоми на вирус.

За случајот е информиран и Хрватскиот институт за јавно здравје, кој претходно издаде упатства и за патниците кои одат во Кина и за повратниците или за туристите од Кина. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close