0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници МКДХроникаХроника.Портал

Автобус излетал од патот кај Демир Хисар – нема повредени патници

СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Битола, 12 април 2021 (МИА) – СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Според првичните информации на екипите на СВР-Битола, до незгодата дошло откако пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир со поголеми последици, возачот на автобусот го избегнал судирот, но со превртел во непосредна близина на коловозот.

Увидот е во тек, потврдија од СВР-Битола. мт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close