ЕвропаЕвропа.Портал

Австрискиот Уставен суд пресуди дека полицискиот час воведен поради коронавирусот бил неуставен

Полицискиот час во Австрија поради Ковид-19 не бил уставен, пресуди денеска Уставниот суд во Виена, предизвикувајќи критики дека Владата ги игнорирала законите додека донесувала мерки за време на пандемијата на коронавирусот.

Виена, 22 јули 2020 (МИА) – Полицискиот час во Австрија поради Ковид-19 не бил уставен, пресуди денеска Уставниот суд во Виена, предизвикувајќи критики дека Владата ги игнорирала законите додека донесувала мерки за време на пандемијата на коронавирусот.

Опозициските партии ја повикаа Владата да ги врати парите на луѓето кои биле казнети поради кршење на полицискиот час.

Највисокиот суд донесе пресуда врз основа на жалба на граѓани против Министерството за здравство, кое им забрануваше на луѓето да престојуваат на јавни места, освен ако не се сами или со членови на нивното домаќинство.

Судиите заклучија дека министерот за здравство Рудолф Аншобер ги надминал своите законски овластувања и дека неговите наредби можеле да се засноваат на закон со кој се дозволува забрана само за одредени области, но дека тоа не му давало право да воведе општ полициски час.

Судот, исто така, донесе пресуда против одлуката на Владата прво да отвори продавници за железарија и градинарски центри откако земјата го укина карантинот кон средината на април, а другите видови на големи продавници мораше да останат затворени.

– Уставниот суд не можеше да најде објективна причина за ваквиот нееднаков третман, соопшти судот.

Министерката за уставни прашања Каролин Едстадлер, рече дека Владата допрва треба да ја процени пресудата. Таа не кажа дали ќе се вратат наплатените парични казни. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close