Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Австрија усвои закон за Ковид-19, фонд за помош на економијата од четири милијарди евра

Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.

Виена, 15 март 2020 (МИА) – Австрискиот Парламент денеска едногласно усвои голем пакет законски мерки за спречување на кризата предизвикана со коронавирусот.

Законот овозможува голем број ограничувања во јавниот живот, а содржи и помош за економијата.

Со документот се создаваат правни основи за затворање на јавни места, како што се детски игралишта, се овозможуваат рестрикции во трговијата и гастрономијата.

За економијата е предвиден фонд за помош во вредност од четири милијарди евра.

Законот мора да биде потпишан од претседателот на државата и објавен во службен весник за да може од утре да стапи во сила. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close