СветСвет.Портал

Австрија укинува летови до Кина до 9 февруари

Австриската национална авиокомпанија, АУА, ги прекинува сите летови за Кина од вечерва до 9 февруари.

Виена, 29 јануари 2020 (МИА) – Австриската национална авиокомпанија, АУА, ги прекинува сите летови за Кина од вечерва до 9 февруари.

Претходно, германска „Луфтханза“ и швајцарската „Свис“ ги прекинаа летовите кон Кина поради новиот коронавирус.

Од Австрија, последниот лет за Кина, до 9 февруари, ќе се изврши вечерва, а се обезбедува враќање на авионот и екипажот.

Потоа, летовите ќе бидат прекинати поради „оперативни причини“, се вели во соопштението. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close