Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Австрија: Од утре на војниците на границата ќе им помага резервниот состав

За првпат во историјата на Австрија, од утре попладне припадниците на резервниот армиски состав ќе ја штитат границата со Словачка, Унгарија и Словенија, објави Командата на австриската армија на провинцијата Бургенланд.

Виена, 21 мај 2020 (МИА) – За првпат во историјата на Австрија, од утре попладне припадниците на резервниот армиски состав ќе ја штитат границата со Словачка, Унгарија и Словенија, објави Командата на австриската армија на провинцијата Бургенланд.

Во изјавата на армијата се вели дека на професионалните војници ќе им помогнат во работата на границата припадниците на резервниот состав.

Задачата на резервните сили ќе биде да им помогне на полицијата и армијата во безбедносните полициски задачи поврзани со миграцијата и коронавирусот.

Во изминатите денови, тие беа обучени за мерење температура на патниците на границата, како и за други задачи на државната граница. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close