ЕвропаЕвропа.Портал

Австрија нема да прифаќа барања за азил на границата

Австрија, во период на епидемијата со коронавирусот, ги засили мерките во однос на азилантите, кои отсега нема да можат да поднесуваат молби за добивање азил на границата.

Виена, 28 март 2020 (МИА) – Австрија, во период на епидемијата со коронавирусот, ги засили мерките во однос на азилантите, кои отсега нема да можат да поднесуваат молби за добивање азил на границата.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека барањата за азил повеќе нема да се прифаќаат на границата и дека тоа е мерка што се воведува на неодредено време, врз основа на Законот за епидемија.

Австрија, исто така, привремено го стопираше протерувањето на мигрантите чие барање за азил е одбиено.

Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи Хелмут Томац рече дека на барателите на азил нема да им биде дозволено да влегуваат во земјата без валидна здравствена потврда.

Според официјалните податоци, во Австрија моментално се поднесуваат до 12 барања за азил дневно. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close