Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Австрија не ги поддржува германските планови за новиот данок во ЕУ

Новиот австриски министер за финансии, Гернот Блимел, ги отфрли плановите на неговиот германски колега Олаф Шолц за воведување данок на финансиските трансакции во ЕУ и ја напушти групата во која се наоѓаат десет земји што работеа на овој данок.

Виена, 21 јануари 2020 (МИА) – Новиот австриски министер за финансии, Гернот Блимел, ги отфрли плановите на неговиот германски колега Олаф Шолц за воведување данок на финансиските трансакции во ЕУ и ја напушти групата во која се наоѓаат десет земји што работеа на овој данок.

-Идејата за данок на финаниските трансакции настана после финансиската и економска криза, кога се сакало да се оданочува неодговорното и високо шпекулативно однесување, објасни Блимел.

Тој, исто така, кажа дека во основа се работело за тоа да се казнат мешетарите кои шпекулираат со курсот во пажање и на задолжувањето на државата, за неетичкото шпекулирање да се направи неатрактивно и да се поддржи реалната економија.

Актуелниот предлог, додава тој, ја сврте основната идеја во неговата спротивност.

-Со тоа ќе се  казнеа реалната економија и малите вложувачи, а индиректно ќе се наградат шпекулантите, смета Блимел.

Покрај тоа, како што вели, плановите не опфаќаат 99 отсто од сите финансиски работи.

Доколку предлогот не биде преработен во правец на главното размислување Австрија ќе ја напушти групата земји членки кои се залагаат за воведување на овој данок, порача Блимел.

-Тоа му го соопштив и на Шолц, рече тој, додавајќи дека Австрија сака вистински и делотворен европски данок на финансиските трансакции.

Групата од десет земји, покрај Германија и Австрија, ја сочинуваат уште и Белгија, Франција, Грција, Италија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.

Доколку, освен Австрија, уште една земја истапи од групата  воведувањето данок на ниво на ЕУ целосно ќе пропадне, бидејќи е потребна подршка од најмалку девет земји. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close