Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Австрија купува 18 италијански хеликоптери

Станува збор за хеликоптерите „ AW169M“, што ќе ги заменат застарените авиони во австриската армија „Алует III“.

Виена, 21 септември 2020 (МИА) – Австриското Министерство за одбрана донесе одлука да набави 18 хеликоптери од Италија за потребите на армијата, пренесуваат локалните медиуми.

Станува збор за хеликоптерите „ AW169M“, што ќе ги заменат застарените авиони во австриската армија „Алует III“.

Италијанскиот производител успеа да се наметне против двата поевтини модели „Бел“ од САД и „Ербас“ од Германија.

Станува збор за повеќенаменски хеликоптери, кои Австрија  ќе ја чинат 300 милиони евра.

Првите хеликоптери ќе бидат испорачани во Австрија во средината на 2022 година.сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close