ЕвропаЕвропа.Портал

Австрија издаде предупредување за Северна Рајна Вестфалија

Австрија денеска издаде предупредување за патување во германската покраина Северна Рајна Вестфалија.

Виена, 24 јуни 2020 (МИА) – Австрија денеска издаде предупредување за патување во германската покраина Северна Рајна Вестфалија.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека е издадено предупредување за патување во таа германска покраина откако во кланицата „Тенис“ беа заразени повеќе од 1.300 работници.

– Пред се нашиот сосед Германија, со регионот Северна Рајна Вестфалија покажа како може брзо да дојде до натамошна драматична ситуација, изјави Курц.

Тој изрази надеж дека нема да се случи натамошно ширење на заразата во други делови на Германија.

Австрија од 15 јуни целосно ги отвори своите граници кон соседите, како и кон Германија. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close