ЕвропаЕвропа.Портал

Австрија издаде 100-годишна обврзница

Австрија издаде обврзница со рок на доспевање за 100 години која наиде на голем интерес од страна на инвеститорите, јавија локалните медиуми.

Виена, 25 јуни 2020 (МИА) – Австрија издаде обврзница со рок на доспевање за 100 години која наиде на голем интерес од страна на инвеститорите, јавија локалните медиуми.

Со ова издавање Владата сака да собере две милијарди евра, со купонска каматна стапка од само 0,85 проценти и рок на доспевање 2120 година.

Австриската Влада првпат издаде 100-годишна обврзница во 2017 година, но со значително повисока купонска каматна стапка од 2,1 проценти.

Вкупната вредност на понудите собрани за новоиздадената обврзница изнесуваше дури 17,7 милијарди евра, соопшти менаџерот кој го организирање издавањето.

Австрија е единствената земја во Европа која јавно продава обврзници со толку долг рок на доспевање. Земјите како Белгија и Ирска исто така ги издаваа, но со помали номинални суми, и ги пласираа на затворен круг инвеститори.

Датумот на доспевање е најдолг во Европа од првото тромесечие од годинава кога пазарите беа потресени од пандемијата на коронавирусот. Само Израел, во меѓувреме, издаде обврзница со толку долг рок на доспевање.

– Ова јасно покажува дека пазарот се нормализира и закрепна од кризата затоа што пред два месеци Владата не би можела да продаде обврзница со таа вредност, објасни Мајкл Лестер од германскиот Комерцбанк. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close