ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Австрија: Ќе бидат запрени сите мигранти кои се обидуваат да ја преминат границата

Австрија ќе ги запре сите мигранти кои се обидуваат да ја преминат границата, освен ако не се преземат мерки за нивно запирање во Грција и другите балкански земји. Тоа го нагласи рече министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

Виена, 2 март 2020 (МИА) – Австрија ќе ги запре сите мигранти кои се обидуваат да ја преминат границата, освен ако не се преземат мерки за нивно запирање во Грција и другите балкански земји. Тоа го нагласи рече министерот за внатрешни работи Карл Нехамер.

-Унгарија и Хрватска уверија дека ќе ги надгледуваат своите граници, рече конзервативниот Нехамер за телевизијата ОРФ.

– Ако луѓето и покрај тоа стигнат до нас, тие мора да бидат запрени, рече австрискиот министер за внатрешни работи.

Нехамер додаде дека Австрија е подготвена да соработува со балканските земји и да им помогне во евентуалниот миграциски притисок. зш/

Back to top button
Close
Close