0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Австралиските власти подготвени да го откажат Гран-при во Формула 1 доколку бидат потврдени случаи со коронавирус во тимовите

Главниот службеник за здравствена заштита на Викторија, Брет Сатон, изјави дека Формула 1 трката во Мелбурн би можела да се откаже доколку бидат потврдени случаи на инфекција со коронавирус кај тимовите.

Мелбурн, 12 март 2020 (МИА) – Главниот службеник за здравствена заштита на Викторија, Брет Сатон, изјави дека Формула 1 трката во Мелбурн би можела да се откаже доколку бидат потврдени случаи на инфекција со коронавирус кај тимовите.

Четворица стручњаци од тимот на Хаас и еден претставник на Мекларен беа изолирани поради сомневање за зараза со вирусот.

– Ако тестовите се позитивни, ние мора да разбереме што значи ова за оние со кои контактирале. И тие лица исто така ќе треба да бидат ставени во карантин. Ако ова ја прави трката невозможна, тогаш така и ќе биде. Ние ќе донесеме одлука за откажување, изјави Сатон за радиото „3AW“.

Австралиското Гран-при треба да се вози претстојниот викенд, а до првиот тренинг остануваат уште 17 часа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close