Svet.SlajderСветСвет.Портал

Австралиски Квантас во загуба 1,4 милијарди американски долари

Австралиската авиокомпанија Квантас ервејс предупреди дека затворањето на сојузните граници сериозно го попречува опоравувањето на домашниот воздухопловен пазар, што, заедно со намалувањето на меѓународните летови, ќе резултира со значителна загуба во тековната финансиска година.

Сиднеј, 20 август 2020 (МИА) – Австралиската авиокомпанија Квантас ервејс предупреди дека затворањето на сојузните граници сериозно го попречува опоравувањето на домашниот воздухопловен пазар, што, заедно со намалувањето на меѓународните летови, ќе резултира со значителна загуба во тековната финансиска година.

Австралиската авиокомпанија објави денеска дека во фискалната година, која заврши на 30 јуни, забележала нето загуба од 1,96 милијарди австралиски долари (1,41 милијарди американски долари).

Ова е една од најголемите загуби што некогаш ја имала компанијата, предизвикана од падот на вредноста на инвестициите на Квантас во акции и други средства, како и трошоците за реструктуирање со цел полесно да се надмине кризата со коронавирус.

Извршниот директор Алан Џој рече дека условите на пазарот се најлоши во 100-годишната историја на Квантас и дека е потребна национална временска рамка за тоа кога сојузните држави ќе можат да отворат граници за да ги зајакнат домашните летови. ссм/

Back to top button
Close
Close