Svet.SlajderСветСвет.Портал

Австралиска агенција го тужи „Гугл“ поради измама на корисниците

Австрилската агенција за конкурентност и заштита на потрошувачите (АЦЦЦ) покрена судска остапка против „Гугл“ (Google), тврдејќи дека компанијата ги измамила своите потрошувачи како во значителна мерка би собрала податоци од повеќе причини, вклучително и целно рекламирање

Мелбурн, 27 април 2020 (МИА) – Австрилската агенција за конкурентност и заштита на потрошувачите (АЦЦЦ) покрена судска остапка против „Гугл“ (Google), тврдејќи дека компанијата ги измамила своите потрошувачи како во значителна мерка би собрала податоци од повеќе причини, вклучително и целно рекламирање.

АЦЦЦ пред австралискиот Сојузен суд се обидува да докаже дека „Гугл“ прописно не ги информирал своите корисници и не добил дозвола за одлуката од 2016 година за обединување на нивните лични податоци од „Гугл“ со нивните активности со другите страници, што не се поврзани со најпознатиот интернет пребарувач, при тоа користејќи ја „Гугл“ технологијата.

АЦЦЦ го обвинува „Гугл“ за користење на таквите обединети информации со цел да го унапреди комерцијалниот ефект на рекламирањето.

– Веруваме дека голем број потрошувачи, ако им бил понуден информативен избор, можеби би одбиле „Гугл“ да ги обедини и користи нивните податоци за финансиска добивка на компанијата, изјави претседателот на АЦЦЦ, Род Симс.

„Гугл“ ги отфрла обвиненијата за измама на клиентите, истакнувајќи дека промените воведени во 2016 година биле необврзни и оти потрошувачите биле замолени за нивна дозвола. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close