0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Австралија опен нема да биде одложен поради коронавирус кај вработен во хотелот во карантин

Новинарот Хозе Моргадо денес на Твитер цитира изјава од шефот на тенискиот Грен слем Австралија опен, Крег Тајли за можно одложување на турнирот поради случај на коронавирус кај еден од вработените во хотел во карантин во Мелбурн.

Мелбурн, 4 февруари 2021 (МИА) – Новинарот Хозе Моргадо денес на Твитер цитира изјава од шефот на тенискиот Грен слем Австралија опен, Крег Тајли за можно одложување на турнирот поради случај на коронавирус кај еден од вработените во хотел во карантин во Мелбурн.

Според изворот, никој нема да го одложи Австралија опен и тој ќе започне навреме на 8 февруари. Сите шест турнири што се одржуваат во Мелбурн оваа недела ќе продолжат. Со врнежи од дожд што се очекуваат во петок во Австралија, некои натпревари ќе бидат преместени на затворени терени.

Тајли исто така рече дека некои играчи ќе мора да играат по два натпревари на ден за да ги завршат започнатите турнири. Во моментов во тек се преговори со АТП и ВТА за можноста за промена на форматот на игрите со цел навреме да се завршат турнирите. Што се однесува до АТП-купот, неговиот распоред едноставно ќе се помести еден ден, а финалето е закажано за недела, 7 февруари.

Во последните десет часа 560 луѓе поминаа тестови на коронавирус, вклучувајќи околу 160 учесници на Австралија опен. Тајли појасни дека ниту еден позитивен резултат нема да биде доволен за одложување или откажување на турнирот.

Сепак, нема потврда за оваа информација на официјалната веб-страница на Австралија Опен.

Во средата, на 3 февруари, сите тениски натпревари во Австралија беа откажани откако се дозна за позитивниот тест за коронавирус кај еден од вработените во хотелот во карантин.

Грен слемот Австралија опен ќе се игра во Мелбурн од 8 до 21 февруари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close