0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Австралија опен 2022, може да не се одржи во Австралија

Австралиските власти очекуваат дека границите на земјата ќе бидат затворени поради пандемијата најмалку до средината на 2022 година. Ова значи дека играчите ќе мора да поминат низ двонеделен карантин за да играат во Мелбурн. Сепак, по овогодишното искуство, играчите не се подготвени за такво нешто.

Мелбурн, 17 мај 2021 (МИА) – Австралиските власти очекуваат дека границите на земјата ќе бидат затворени поради пандемијата најмалку до средината на 2022 година. Ова значи дека играчите ќе мора да поминат низ двонеделен карантин за да играат во Мелбурн. Сепак, по овогодишното искуство, играчите не се подготвени за такво нешто.

Раководството на австралискиот тенис се обидува да преговара со властите, така што условите за влез во земјата да бидат релаксирани за учесниците на Австралија опен. Доколку преговорите не завршат со успех, тие не сакаат да го откажат турнирот и ќе се обидат да го одржат надвор од земјата. Како опции се сметаат Доха и Дубаи, каде оваа година се одржа квалификациите за Австралија опен.

Во исто време, директорот на турнирот Крег Тајли тврди дека АО ќе се игра во Мелбурн.

-Ќе се игра во Мелбурн во јануари. Ќе најдеме начин да ги донесеме тенисерите овде. Австралија сега е единствената земја што бара карантин. Треба да најдеме начин да се справиме со оваа ситуација. И ќе најдеме, потенцира Тајли.

Австралија опен е еден од четирите тениски Грен слем турнири и традиционално се игра на почетокот на годината. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close