0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

АВРМ: Исплатени околу 65 милиони денари за 6.933 невработени лица

Агенцијата за вработување денеска изврши исплата на средства за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384,00 денари.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА) – Агенцијата за вработување денеска изврши исплата на средства за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384,00 денари.

Како што информираат од Агенцијата за вработување направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261, 00 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот, односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот.

– И во услови на криза предизвикана од COVID-19 вирусот, продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите,  а за тоа говорат и податоците за огласените  слободни работни места. Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни работни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања (продавач, шивач, келнер, администратор, градежен работник, готвач, армирач, обезбедувачи на имот и лица…), велат од Агенцијата.

Агенцијата за вработување продолжува да ги спроведува активните програми и мерките за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

-Во период април – јуни 2020 година, преку спроведување на активните програми и мерки за вработување од Оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3717 правни субјекти за вработување на 3.576 невработени лица, од кои 2.364 се вработувања во рамките на Младинската гаранција, односно вработувања на млади лица на возраст до 29 години, информираат од Агенцијата за вработување.

Во Агенцијата за вработување во периодот од  1 јуни до 30 јуни годинава со статус на невработени лица по основ на прилив од работен односчија одјава од задолжително социјално осигурување е регистрирана во период после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од  COVID-19 вирусот, се стекнале 3.656  лица. сст/са/

 

 

 

Back to top button
Close
Close