Svet.SlajderСветСвет.Портал

Јавно бесење за убијците на деца и силувачите во Пакистан

Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат, изјави Али Мухамад Кан, пакистански министер за парламентарни работи. Тој резолуцијата ја претстави во националното собрание, пренесе Дејли Мејл.

Исламабад, 8 февруари 2020 (МИА) – Пакистанскиот Парламент вчера донесе одлука со која побара јавно бесење на осудените убијци и силувачи на деца.

-Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат, изјави Али Мухамад Кан, пакистански министер за парламентарни работи. Тој резолуцијата ја претстави во националното собрание, пренесе Дејли Мејл.

Последните години Пакистан беше погоден од серија злосторства на злоставување деца. Еден од најпознатите случаи беше убиството на седумгодишното девојче Заинаб Ансари.

Полицијата го уапси 24-годишниот Имран Алија чија ДНК се поклопи со трагите пронајдени на телото на девојчето. Бил нејзин сосед. Осуден беше на смрт и погубен на 17 септември 2018 година. сд/

Back to top button
Close
Close