0_Магазин.ПорталЗанимливости

Јавните куќи во Хонг Конг веќе работат претежно со кукли

Епидемијата на коронавирус, која инфицира повеќе од 1,2 милион луѓе низ светот, доведе до видлив пад на светската економија. Многу земји воведоа мерки за да им помогнат на малите и на средните бизниси да ја издржат кризата, но сопствениците на јавни куќи не можат да се потпираат на државна помош.

Хонг Конг, 6 април 2020 (МИА) – Епидемијата на коронавирус, која инфицира повеќе од 1,2 милион луѓе низ светот, доведе до видлив пад на светската економија. Многу земји воведоа мерки за да им помогнат на малите и на средните бизниси да ја издржат кризата, но сопствениците на јавни куќи не можат да се потпираат на државна помош.

Така, додека некои хотелиери, за да си го спасат бизнисот, ги претвораат своите хотели во секс-свратилишта, постојните бордели директно ги ослободуваат работничките и ги заменуваат со пластични „девојки“.

Туризмот е една од најпогодените стопански гранки од корона-кризата. Само во Хонг Конг месецов се очекува да се затворат повеќе од 200 хотели.

Според претприемачите, нема ништо неморално во заменувањето на живите луѓе со пластика.

– Ова му е потребно на пазарот… Ние не го корумпираме јавниот морал, изјави една бизнисменка којашто претпочита да остане анонимна. си/

Таг
Back to top button
Close
Close