0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Јавна расправа за унапредување на родовата сензитивност во Собранието

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за еднакви можности на жените и мажите. 

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за еднакви можности на жените и мажите.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа за Предлог-планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020-2021.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да продолжат две седници на кои треба да расправаат за Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, со Акциски план за спроведување за 2020-2022 година и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка – II читање (поднесен од: Самка Ибраимоски).

На Комисијата за европски прашања ќе има амандманска расправа за Предлог-законот за стратегиски инвестиции во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, во прво читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија. ев/ац/

Back to top button
Close
Close