0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Јавна презентација на проектот „Струга – твојата туристичка дестинација“

Општина Струга во рамки на апликацијата „Струга-твојата туристичка дестинација” изготви список за проверка на активностите предвидени со проектот со Планот за управување со животната средина.

Струга, 7 февруари 2020 (МИА) – Општина Струга во рамки на апликацијата „Струга-твојата туристичка дестинација” изготви список за проверка на активностите предвидени со проектот со Планот за управување со животната средина.

Целта е навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Јавната расправа по Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на Општина Струга на 11 овој месец. аб/сст/

Back to top button
Close
Close