Дописници МКДОпштински вести

Авионско третирање против комарци по вторпат в петок во Кавадарци

Авионско третирање против комарци по вторпат ќе се реализира в петок во Кавадарци, информираа попладнево од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

Кавадарци, 27 јули 2021 (МИА) – Авионско третирање против комарци по вторпат ќе се реализира в петок во Кавадарци, информираа попладнево од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.

– Авионското третирање против комарци за оваа година во општината Кавадарци, ќе се изврши со почеток од 5 до 7 часот. Се известуваат сите граѓани како и пчелари, дека во периодот на третирање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците – сандаците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, соопштија од градоначалничкиот Кабинет.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на реката Луда Мара од селото Марена, целото градско подрачје, до излезот на селото Ваташа. свд/ки/

Back to top button
Close
Close