Svet.SlajderСветСвет.Портал

Авионска несреќа во Пакистан (видео)

Патнички авион на „Пакистан Интернешанл Ерлајнс“, кој патувал од градот Лахоре до Карачи, се урна во близина на аеродромот во Карачи, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Карачи, 22 мај 2020 (МИА) – Патнички авион на „Пакистан Интернешанл Ерлајнс“, кој патувал од градот Лахоре до Карачи, се урна во близина на аеродромот во Карачи, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Портпаролот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Абдул Сатар Кохар изјави за локалните медиуми дека во авионот „Ербас А-320“ се наоѓале 99 патници и осум членови на екипажот, но засега нема информации за број на жртви.

Според Агенцијата, патничкиот авион се урнал во населена област во близина на аеродромот во Карачи.

Сведоци изјавија дека авионот се обидел да слета два или три пати пред да се урне врз неколку куќи во близина на меѓународниот аеродром.

Полицијата и војската ја блокираа областа каде се случи авионската несреќа, а на местото пристигнале и амбулантни возила. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close