0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Авионот на Јута принудно слета по судир со птици

Авионот на Јута, кој леташе за Мемфис ноќеска беше принуден да изврши итно слетување во Солт Лејк Сити, поради проблеми со еден од моторите по судир со јато птици.

Солт Лејк Сити, 31 март 2021 (МИА) – Авионот на Јута, кој леташе за Мемфис ноќеска беше принуден да изврши итно слетување во Солт Лејк Сити, поради проблеми со еден од моторите по судир со јато птици.

– Кога авионот полета, удри во јато птици. Левиот мотор се исклучи и пилотот повика на итно слетување на меѓународниот аеродром во Солт Лејк Сити. Авионот слета без инциденти, соопшти авиокомпанијата „Делта“.

За време на последователното испитување, авионот покажал видливо оштетување на левата моторна турбина и дамки од крв на долниот дел од пилотската кабина.

– Колку прекрасен ден! – напиша центарот на Јута џез, Руди Гоберт.

Јута е лидер во поредокот во Западната конференција на НБА-лигата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close