СветСвет.Портал

Авион во Иран се лизна од пистата и излета на улица, нема повредени

Ирански патнички авион се лизна од пистата и излета на улица во јужниот град Махшар. Во инцидентот нема повредени. 

Техеран, 27 јануари 2020 (МИА) – Ирански патнички авион се лизна од пистата и излета на улица во јужниот град Махшар. Во инцидентот нема повредени.

Патниците излегле од авионот на предната врата и на излезот предвиден за случај на опасност.

Директорот на аеродромот изјави дека сите патници безбедно го напуштиле авионот.

Иранската државна телевизија јави дека инцидентот се случил за време на грубо слетување на авионот околу 9.30 часот по локално време.

Ова е трет инцидент во последните неколку дена со авиони во Иран, по несреќата кога на 8 јануари беше соборен украински авион. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close