СветСвет.Портал

Авион се урна по полетувањето од Техеран, загинаа 176 лица

Украински авион „Боинг 737“ со 176 лица се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите патници и членови на екипажот.

Техеран, 8 јануари 2020 (МИА) –  Украински авион „Боинг 737“ со 176 лица се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, при што загинаа сите патници и членови на екипажот.

– Авионот полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранската престолнина кога еден од моторите се запалил, изјави портпаролот на иранската служба за транспорт, Касем Биниаз.

Пилотот изгубил контрола над авионот, пренесе иранската агенција Ирна.

Во авионот, кој летал за Киев, Украина, имало 167 патници и девет членови на екипажот. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close