0_Web_АктуелноОпштински вестиСкопје

Авицена Женска трка во Скопје

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички денеска ќе биде одржана Авицена Женската трка.

Скопје, 6 септември 2020 (МИА) – Во организација на Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички денеска ќе биде одржана Авицена Женската трка.

Трката, чиј под покровител е Град Скопје, ќе се одвива според специјален протокол одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, поради пандемијата на Ковид-19.

Секоја учесничка ќе направи термален скрининг, а  носење маска е задолжително, како и држењето дистанца од 1,5 метри, без групирање за време на трката. На повеќе места ќе бидат поставени и средства за дезинфекција на раце.

Зоната на стартот на трката ќе биде пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски, со старт во периодот од 8:30 до 9:45 во интервали според стартниот број. Учесничките ќе трчаат патека од вкупно 3.000 метри. На стартната линија ќе се редат по пет учеснички. Веднаш по стартот на трката се трча лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде што се врти десно и се влегува во Градскиот Парк каде патеката ќе биде означена со конуси, траки и на одредени места ќе има волонтери кои ќе ги насочуваат учесничките за правецот на трчање. Целта ќе биде во Градскиот парк зад Ботаничката градина. Патеката за трчање ќе биде обезбедена и обележана, а на 1,5 км ќе има поставено и контролна точка за чиповите.

По завршување на трката, победничките ќе бидат прогласени онлајн, трите најдобро пласирани учеснички на генералниот пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три учеснички по возрасни категории.

Сојузот на апортови и Град Скопје повикуваат на максимално почитување на протоколот и правилата, вклучувајќи ги и задолжителното носење на маска, дезинфекција на раце и одржување на дистанца за безбедно здравје на сите учеснички во трката.

Поради одржувањето на трката, ќе има посебен сообраќаен режим  во периодот од 08.30 до 10.30 часот. За сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. ир/са/

 

Back to top button
Close
Close