Општество

„Авицена лабораторија“ отвора посебен простор за тестирање за Ковид-19

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – „Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за Ковид-19, кој е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.

„Авицена“ соопшти дека тројно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за Ковид-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот
за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за Ковид-19.

Приемот на пациенти за тест за ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку друг влез, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. Закажувањето за тест за ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close