СветСвет.Портал

Авганистанските талибанци киднапирале околу 60 цивили

Авганистанските талибанци киднапирале околу 60 цивили во централната авганистанска провинција Даикунди во текот на изминатата недела, соопштија денеска локалните власти.

Кабул, 21 јуни 2020 (МИА) – Авганистанските талибанци киднапирале околу 60 цивили во централната авганистанска провинција Даикунди во текот на изминатата недела, соопштија денеска локалните власти.

Цивилите биле земени како заложници откако една жена избегала од село во соседна провинција, кое било под контрола на талибанците. Од тогаш ослободени се околу 20 киднапирани лица, вклучувајќи жени и деца, а еден портпарол на талибанците негираше дека исламистичкото движење стои зад киднапирањата.

И покрај договорот за повлекување на трупите, потпишан меѓу талибанците и САД во февруари, насилството во Авганистан е во пораст и киднапирањето ги отежнува напорите за започнување мировни преговори меѓу талибанците и владата во Кабул. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close