ЕвропаЕвропа.Портал

Авганистански преведувач во Бундеверот обвинет за шпионажа во корист на Иран

Пред Вишиот суд во германскиот град Кобленц денеска почна судењето против поранешен преведувач во Бундесвер од авганистанско потекло по обвинение дека шпионирал во корист на иранската разузнавачка служба. За помагање обвинета е и неговата сопруга. 

Берлин, 20 јануари 2020 (МИА) – Пред Вишиот суд во германскиот град Кобленц денеска почна судењето против поранешен преведувач во Бундесвер од авганистанско потекло по обвинение дека шпионирал во корист на иранската разузнавачка служба. За помагање обвинета е и неговата сопруга.

Сојузното државно обвинителство по апсењето во јануари минатата година на 50-годишниот Абдула С поднесе обвинение за велепредавство.

Тој се сомничи дека како преведувач и советник во една касарна во западниот дел на Германија, во 18 случаи проследил воени тајни до иранските разузнавачки служби. ссм/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close