Дописници МКДОпштински вести

Јавен повик на Општина Тетово за времено ангажирање образовни асистенти

Општина Тетово објави јавен повик на кој може да се пријават невработени лица кои потоа ќе бидат времено ангажирани како образовни асистенти во период од девет месеци. На работните позиции ќе се ангажирааат дипломирани психолози, дефектологози и педагогози.

Тетово, 21 август 2020 (МИА) –  Општина Тетово објави јавен повик на кој може да се пријават невработени лица кои потоа ќе бидат времено ангажирани како образовни асистенти во период од девет месеци. На работните позиции ќе се ангажирааат дипломирани психолози, дефектологози и педагогози.

– Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програма „Општинско-корисна работа“ ќе бидат времено ангажирани со скратено работно време од 20 работни часови за девет месеци, при што статусот на невработен останува непроменет. Право на учество во програмата имаат сите лица, при што предност ќе имаат оние кои прв пат се јавувааат, се наведува во повикот на Општина Тетово.

Невработените кои аплицираат треба да се во една од целните групи: невработен во АВРМ најмалку една година, млади невработени до 29 години, евидентирани најмалку шест месеци и лица корисници на гарантирана минимална помош. За кандидатите вклучени во прогамата ќе има паричен надоместок од девет илјади денари.

Заинтересираните имаат рок до 26 август да се пријават во Агенцијата за вработување со тоа што треба да поднесат пријава, диплома заверена на нотар и кратка биографија.

Програма „Општинско-корисна работа“ е резултат на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Тетово за оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услови на пазарот на трудот за 2020 година. ас/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close