Некатегоризирано

Аваз: Повеќе од 40 жени од БиХ останале во бегалските кампови во Сирија

Повеќе од 40 жени од БиХ и натаму се наоѓаат во бегалските кампови во Сирија по крахот на терористичката организација Исламска држава во оваа земја, пренесува весникот „Дневни Аваз“.

Сараево, 3 јануари 2020 (МИА) – Повеќе од 40 жени од БиХ и натаму се наоѓаат во бегалските кампови во Сирија по крахот на терористичката организација Исламска држава во оваа земја, пренесува весникот „Дневни Аваз“.

Неодамна во БиХ биле депортирани шест жени и 12 деца со група во која имало и седуммина припадници на Исламска држава, но уште десетици деца чекале на депортација.

Според неофицијалните информации до кои дошол весникот, меѓу нив се и десетина тинејџери на возраст од 14 до 16 години. сд/

Back to top button
Close
Close