0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Авалон-продукција ја поздрави одлуката да се дозволат јавни настани

Авалон-продукција ја поздрави дозволата за организирање јавни настани во земјава откако Комисијата за заразни болести на состанок денеска го одобри протоколот кој мината недела го предложија претставници на Здружението ан музичари и на организатопри на јавни настани.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Авалон-продукција ја поздрави дозволата за организирање јавни настани во земјава откако Комисијата за заразни болести на состанок денеска го одобри протоколот кој мината недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на јавни настани.

– Концертите се враќаат во Македонија! Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување. Авалон се враќа со одлична концертна понуда за август и септември – open air, соопшти Авалон-продукција, најавувајќи детали следната недела. хс/ац/

 

Back to top button
Close
Close