Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Авалон“ најави проекти за август и септември во Охрид, Битола и Скопје

Продукцијата „Авалон“ соопшти дека подготвила квалитетна  и возбудлива програма за август и за првите две недели од септември, со неколку проекти кои ќе се реализираат во Охрид, Битола и во Скопје. Како што наведе во соопштение, за деталите за концертите ќе почне да информира уште од вечерва. 

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Продукцијата „Авалон“ соопшти дека подготвила квалитетна  и возбудлива програма за август и за првите две недели од септември, со неколку проекти кои ќе се реализираат во Охрид, Битола и во Скопје. Како што наведе во соопштение, за деталите за концертите ќе почне да информира уште од вечерва.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести минатата недела го одобрија протоколот предложен од Здружението на музичари и на организаторите на јавни настани, кои треба да овозможат безбедно следење концерти и културни настани.

-Ќе работиме во салите со 50 проценти од капацитетите, а публиката ќе носи заштитни маски. „Авалон“ подготви неверојатно квалитетна културна и возбудлива програма. Таа е подготвена и со тенденција годинава да останеме во Македонија и сите да дадеме свој придонес туристичката сезона барем во нејзиниот последен летен квартал да не доживее катастрофа, соопшти продукцијата. хс/скс/

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close