0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоРепортажа

Јавачот и коњот треба да бидат едно, ако се плашите од него и тој ќе се плаши од вас

И да имате преголем страв од коњ, тој веднаш ќе ви исчезне кога ќе ја здогледате седумгодишната кобила Надира во коњичкиот клуб „Бравадос“, кој се наоѓа во скопско Волково. Таа толку милно гледа, што тешко дека некој може да издржи, а да не ја пружи раката да ја погали. Таков беше впечатокот кога го посетивме овој коњички клуб, скриен зад последните куќи во Волково, веднаш до луксузниот комплекс Верина.

Back to top button
Close
Close