0_Македонија.ПорталВидео изјаваГраѓански сектор

Аваја со кампања за вклучување на приоритетите на Ромите во партиските програми за изборите, најавни средби и со Заев и Мицкоски

Роми активисти и интелектуалци од граѓанската иницијатива АВАЈА, денеска, ја промовираа својата нова кампања „Мојот глас – Твоја должност“ во пресрет на парламентарните избори 2020. Тие бараат политичките партии да ги вклучат приоритетите на ромската заедница во своите политички програми.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Роми активисти и интелектуалци од граѓанската иницијатива АВАЈА, денеска, ја промовираа својата нова кампања „Мојот глас – Твоја должност“ во пресрет на парламентарните избори 2020. Тие бараат политичките партии да ги вклучат приоритетите на ромската заедница во своите политички програми.

Во рамки на кампањата, како што соопштија на денешната прес-конференција, претставниците на АВАЈА ќе организираат јавни претставувања на носителите на листите за пратеници во шестте изборни единици и централен настан на 8 април 2020, каде ќе се организира средба со претседателите на двете најголеми партии, претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Тие најавија дека ќе обезбедат поддршка од 12.000 Роми од 17 општини од земјава за вклучување на приоритетите во политичките програми.

– АВАЈА воспостави структури на тим лидери во 17 општини, кои спроведуваат консултации со ромската заедница за проблемите и потребите што се идентификуваа во изминатиот период. Организиравме и средби со советниците на двете најголеми партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ каде што им ја претставивме кампањата. Одиме на средби и со амбасадори од различни земји, каде што ги истакнуваме потребите на ромската заедница за да обезбедиме поддршка за заложба на политичките лидери за реализација на потребите на заедницата. Во текот на изборите активно ќе го следиме целиот процес со мониторинг тим кој ќе известува за сите нерегуларности и споредување фер избори. За да ја зголемиме свеста кај заедницата и зрелоста кај политиките партии, организираме јавни дебати помеѓу ромските политички партии и граѓански активисти за дадат отчет за сработеното и со тоа да се придонесе за информиран избор на претстојните избори, рече Алберт Мемети.

Според Елвис Шаќири, АВАЈА е граѓанска иницијатива, односно „Глас на Народот, која работи во интерес на заедницата и нема поврзаност со ниту една политичка партија.

– Остануваме посветени на барањата на ромската заедница и активно ќе го следиме процесот на реализација на ветувањата, користејќи ги сите демократски средства. Со цел да ја зголемиме свеста кај заедницата и зрелоста кај политичките партии, организираме јавни дебати помеѓу ромските политички партии и граѓански активисти за дадат отчет за сработеното и да се придонесе за информиран избор на претстојните избори, рече Шаќири.

Ова е втора кампања, организирана од АВАЈА, која има цел да ги застапува интересите и приоритетите на ромската заедница на предвремените парламентарни избори 2020 и да ја подигне политичката култура за информиран избор кај ромската заедница. скс/сп/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close