СветСвет.Портал

Аун: Либан ќе биде на пат кон пеколот ако не добие нова влада

Либанскиот претседател Мишел Аун  предупреди дека земјата ќе биде на пат кон „пеколот“ доколку наскоро не добие нова влада, повикувајќи откажување од сегашниот систем според кој се делат портфељите меѓу главните верски групи во Либан.

Бејрут, 21 септември 2020 (МИА) – Либанскиот претседател Мишел Аун предупреди дека земјата ќе биде на пат кон „пеколот“ доколку наскоро не добие нова влада, повикувајќи откажување од сегашниот систем според кој се делат портфељите меѓу главните верски групи во Либан.

– Ако не добиеме нова влада, ќе одиме во пеколот, изјави Аун во претседателската палата.

Истече 15-дневниот рок за формирање на владата, утврден за време на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Бејрут на 1 септември.

Обидите на мандатарот Мустафа Адиб да формира влада запреа поради инсистирањето на претседателот на Парламентот, шиитот Набих Бери и неговите сојузници, проиранскиот Хезболах, Министерството за финансии да добие шиит.

Аун повика на ставање крај на секташката поделба на министерствата.

-Уставот не бара доделување на кое било министерство на која било секта или група, ниту може на кој било министер да му се дадат овластувања што не се предвидени со уставот, рече Аун.

Тој додаде дека Адиб одржал четири состаноци со него без да му даде предлог за состав на владата.

Адиб сака да собере експерти во владата без оглед на нивната верска припадност, бидејќи Либан падна во најтешка економска криза од крајот на 15-годишната граѓанска војна во 1990 година.

Кризата дополнително се влоши со експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август, во која загинаа повеќе од 190 лица и беа повредени речиси 6.000. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close