Граѓански секторДописници МКДОпштински вести

Атрактивни превозни средства за свадби и сунет свадби летово во Кичево

Доаѓањето на печалбарите од Кичево и Кичевско во текот на летото, значи и правење голем број на свадби и сунет-свадби. Во овие  четириесетина дена во оваа регија ќе се направат околу 600 свадбени веселби.

Кичево, 18 јули 2021 (МИА) – Доаѓањето на печалбарите од Кичево и Кичевско во текот на летото, значи и правење голем број на свадби и сунет-свадби. Во овие  четириесетина дена во оваа регија ќе се направат околу 600 свадбени веселби.

Печалбарите тежнеат нивната свадба да биде што повеќе уникатнa и единственa, за да се прикажува до наредното лето. Покрај раскошот што ќе го приредат во хотелот, печалбарите имаат желба невестата и зетот да ги видат што поголем број граѓани присутни на улица.

– Има семејства кои за свадби изнајмуваат специјални долги автомобили, скапи автомобили со подвижен кров, спортски  или класични, има парови кои ја предводат свадбата на мотоцикл,слетуваат од воздух со хеликоптер, како што беше случај пред две години или со парадно возење се движат со фијакер,со многу идеи само да го привлечат вниманието на минувачите на улица, познат менаџер на четири ресторани во градот.

Од една таква веселба беше и фијакерот што го фотографиравме на кичевските улици. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close